Живот
3. July 2016 - 10:55

Во Шпанија тигар усмрти чуварка во зоолошка градина

Тигар усмрти чуварка во зоолошка градина во шпанскиот град бенидром, откако ја нападна од засега непознати причини.

По повик на полицијата и Црвениот крст, амбулантни возила веднаш дојдоа на местото на настанот, но можеле само да констатираат дека нападнатата жена веќе е мртва, откако влегле во кафезот каде тогарот бил успиен.

Полицијата ги испитува околностите на нападот.