Свет
18. February 2020 - 14:04

Во Шпанија се трага по 143 мигранти

Шпанската поморска служба за спасување соопшти дека се трага по 143 мигранти кои пловеле кон Канарските Острови во Атлантскиот Океан.

Авион на цивилна стража бара пет мали бродови со мигранти во близина на островите Ланзароте и Фуертевентура, крај северозападниот брег на Африка.

Хелена Малено, од организацијата за човекови права „Вокинг бордерс“, изјави дека меѓу мигрантите имало жени и деца, како и дека испловиле меѓу петокот и саботата.

Иако бројот на мигрантите кои влегуваат во Шпанија преку море минатата година се намали за повеќе од 50 проценти, пристигнувањата преку опасната рута преку Атлантикот кон Канарските Острови се удвоија.

Според податоци на Меѓународната организација за миграција, на оваа рута минатата година загинале најмалку 210 лица.