Loading Video...
Фудбал
15. July 2019 - 14:35

Во Шкендија веруваат во пласман во второто коло во ЛШ

Македонскиот првак Шкендија утре ќе го одигра реванш дуелот против Номе Каљу во рамките од првото квалификациско коло за Лигата на шампиони. 
 
Предноста од 1:0 остварена на гостувањето во Естонија, не е никаква гаранција, но свесни сме за нашите квалитети и веруваме дека ќе се пласираме во второто коло, истакнуваат од таборот на Шкендија . 
 
Со својот тренер се согласува и Алими кој смета дека македонскиот шампион  треба да победи и да се пласира во наредна фаза.
 
Натпреварот меѓу Шкендија и Номе Каљу се игра во вторник, на арената „Тодор Проевски“ во Скопје, со почеток од 17 часот.
 
Пласман во следното коло на тетовци најверојатно ќе им донесе дуел со шкотскиот гигант Селтик кој во првиот меч во БиХ го совлада Сараево со 3:1.