Во северен Иран приведени над 700 демонстранти
Во протестите во северен Иран уапсени се повеќе од 700 луѓе, изјави началникот на полицијата во провинцијата Гилан, Асисиола Малеки.
Тој истакна дека притворени се 739 демонстранти, меѓу кои и 60 жени. Тој тврди дека полицијата запленила и поголемо количество оружје, муниција и експлозиви. Малеки наведе дека уапсените демонстранти се одговорни за повреди на повеќе од сто полицајци и за оштетување на јавни објекти.
– Загрозувањето на безбедноста на провинцијата Гилан не е прифатливо, истакна Малеки, додавајќи дека локалните власти ќе ги задушат протестите. Протестите и немирите во Иран се иницирани од смртта на 22-годишната Иранка Махса Амини. Таа беше уапсена на 13 септември поради кршење на строгиот исламски кодекс на облекување.
Таа падна во кома и почина во болница неколку дена подоцна, но не е јасно што ја предизвикало нејзината смрт. Критичарите ја обвинуваат моралната полиција за употреба на насилство. Полицијата ги отфрла обвинувањата. Оттогаш, стотици илјади луѓе демонстрираа низ целата земја против Владата. Иран тврди дека демонстрациите се контролирани од странски земји и ирански групи во егзил со цел да ја ослабат земјата или дури и да ја соборат Владата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација