Балкан
4. October 2016 - 8:24

Во септември во Албанија запленети 6 тони марихуана

Само во текот на септември албанската полиција уништила 100 илјади стебла марихуана на целата територија на земјата.

Најголемиот процент од уништените стебла марихуана се во Мемалиај и Тепелена,но цели парцели се уништени и во Тирана,Валона,Пермет и Мат.

- Полицијата има повеќе успешни акции на запленување големи количини марихуана чиј шверц е интензивиран од почетокот на септември. Полициската статистика потврдува дека само на територијата на Албанија запленета е рекордна количина марихуана главно наменета за странскиот нарко пазар,вклучувајќи ги и трите тона откриени во Мат деновиве, јави тиранската телвизија Топ чанел.

Вкупно запленатата марихуана во месец септември и првите два дена од октомври е шест тони. Најголемиот дел од запленетата дрога требало да стигне во Италија како и во Грција. Во тој период уапсени се и 24 лица.

Телевизијата наведува дека шверцерите сега користат нов начин за транспорт на марихуната и тоа со мали авиони, а во недозволената трговија се почесто освен албански учествуваат и италијански и грчки државјани.