Бизнис
25. November 2021 - 14:44

Во септември потрошени 528 695 мегаватчасови електрична енергија

Во септември 2021 година се потрошени вкупно 528.695 мегаватчасови електрична енергија, 37.226 милиони нормални метри кубни природен гас, 435 707 тони јаглен и 92 829 тони нафтени продукти.

Според Државниот завод за статистика, бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 87,9 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96,61 процент од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.