Македонија
10. March 2019 - 18:45

Во село Стамер локализиран, се уште се гасне пожар кај месноста Желевица

Екипа на Територијалната против пожарна единица од Делчево во моментот интервенира во акција за гаснење пожар кај месноста Желевица во село Тработивиште.

Според очевидци во акцијата за гаснење учествуваат и мештани кои со водни пумпи им излегле на помош на пожарникарите. Засега не е позната причината за пожарот и штетата за која од ТППЕ Делчево најавија дека дополнително ќе излезат со соопштение.

Претходно во претпладневните часови по дојава на граѓани делчевските пожарникари гаснеле пожар во село Стамер.