Свет
18. July 2015 - 18:58

Во Саудиска Арабија уапсени над 430 џихадисти

Властите на Саудиска Арабија денеска соопштија дека откриле организација која е поврзана со екстремистичката група Исламска држава и оти досега уапсиле 431 нејзини членови.

Најголем бројод  упасените се државјани на Саудиска Арабија.

- Властите успеаја во текот на претходните две недели да уништат организација составена од повеќе келии, која е поврзана со терористичката органзиација ИД, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Исто така се додава дека со апсењата осуетени се напади врз џамии, врз безбедносните сили и дипломатски мисии. Припадниците на органзиацијата учествувале во неколку напади и завери, вклучително и самоубиствениот напад врз шиитска џамија во источниот дел на Саудиска Арабија.

ИД контролира големи делови од териториите на соседен Ирак и на Сирија и ги повика своите приврзаници да изведуваат напади и во Саудиска Арабија.

Ријад и сунитските држави од Персиски Залив се приклучија на воената коалиција предводена од САД во бомбардирањето на позиции на ИД во Сирија.