Балкан
19. December 2019 - 21:58

Во Сараево слета авион со припадници на ИД од БиХ

Авион со членови на ИД од БиХ слета вечерва на аеродромот во Сараево.

Тие беа депортирани во БиХ од Сирија и, според порталот „Дневни аваз“, меѓу нив има седум државјани на БиХ кои се на црвени потерници на Интерпол.

Групата, наводно, вклучува и шест жени и 12 деца.

Според локалните медиуми, меѓу депортираните се Јасмин Кесеровиќ и Емир Алишиќ, познати како радикални терористи кои повеќепати се појавувале на видеата за пропаганда на ИД. Тие ќе бидат упатени до Обвинителството на БиХ.

Околу 200 граѓани кои се бореа на фронтовите треба да се вратат во БиХ.