Свет
4. April 2017 - 12:47

Во Санкт Петербург затворена станица од метрото, се стравува од нов напад

Станицата на метрото Сенаја Плошчад во Санкт Петербург е затворена по анонимен телефонски повик со кој се предупредува на нов можен напад, јавија руски медиуми.

Истовремено, голем број пожарникарски возила се испратени пред метро-станицата.

Во експлозија во метро станица во Санкт Петербург вчера загинаа 14 луѓе и беа повредени 49 од кои четворица се во критична состојба.