Свет
26. September 2020 - 9:46

Во САД веќе има седум милиони заразени со коронавирус

Според Универзитетот Џон Хопкинс, САД го преминале прагот од седум милиони лица инфицирани со коронавирус.

Откако пандемијата на почетокот најсилно ја погоди областа Њујорк, а потоа во текот на летото се префрли во југоисточниот и југозападниот дел од земјата, сега заразата се шири во градовите со многу помала популација во средишниот дел на земјата, и тоа најчесто во нејзините конзервативни делови каде голем број жители се противат на носењето маски.

Ширењето на инфекцијата сега предизвикува нови проблеми во болниците, училиштата и универзитетите на Средниот Запад од САД.

Во САД просечно дневно се регистрираат по повеќе од 40.000 нови случаи на Ковид-19. Тој број сега е значително помал од пикот што беше забележан во текот на летото, кога имаше по речиси 70.000 новозаразени дневно, иако и сега се тоа загрижувачки бројки.

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во земјата токму оваа недела веќе надмина 200. 000, што е највисока бројка во светот.