Свет
6. March 2021 - 9:35

Во САД вакцинирани повеќе од 28 милиони лица

Над 28 милиони американски граѓани кои досега биле целосно вакцинирани против коронавирусот чекаат упатства од федералните здравствени служби за тоа што треба да прават, а што не им е дозволено по имунизацијата, јавуваат американските меидуми.

Директорката на Центарот за контрола и превенција на болести, Розел Валенски, вчера потврди дека на ваквите упатства за граѓаните на големо се работи, но натамошните одложувања ја зголемуваат неизвесноста кај населението уморно од борбата против вирусот во врска со можноста за запирање на пандемијата.

Луѓето кои биле целосно вакцинирани против Ковид-19 сакаат од американскиите здравствени работници што поскоро да добијат упатства што би им одговориле на многу прашања во врска со нивниот натаможен живот по имунизацијата, како на пример дали се уште треба да носат маски или дали конечно можат да си ги видат внуците, да посетуваат на ресторани и слично.