Свет
26. April 2018 - 8:40

Во САД уапсен поранешен полицаец поради серија убиства

Поранешниот полицаец Џозеф Џејмс Де Анџело уапсен е под сомнение дека во 70-тите и 80-тите години од минатиот век ширум Калифорнија извршил најмалку 12 убиства и 45 силувања.

Се претпоставува дека Де Анџело, маскиран и вооружен со пиштол влегувал во домовите на сами жени или двојки. Понекогаш го врзувал мажот и му редел чинии на грбот, а потоа ја силувал жената. Тој се заканувал дека двајцата ќе бидат убиени, ако паднат чиниите.

Често земал и сувенири, пред се монети и накит од жртвите кои биле на возраст од 13 до 41 година.

Де Анџело (72) добил отказ од полицијата во 1979 година откако бил уапсен поради кражба.

ФБИ соопшти дека собира докази од куќите во околината на Сакраменто поврзани со Де Анџело.

ФБИ и калифорниската полиција во 2016 година повторно отворија истрага за напаѓачот наречен „силувач од источната зона“ и понудуја награда од 50.000 долари за негово апсење.