Свет
4. July 2020 - 9:50

Во САД трет ден по ред над 50.000 заразени со Ковид-19

САД се прва земја во светот по бројот на заразени и починати од новиот коронавирус, а извештаите покажуваат за повеќе од 50.000 нови случаи на заболени веќе трет ден по ред.

Досега во државата се инфицирани 2.890.588 луѓе, а починале 132.101 лице.

САД вчера регистрирале 51.842 нови случаи на зараза, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.