Loading Video...
Свет
19. April 2020 - 21:04

Во САД речиси 40.000 жртви на Ковид-19 - православните храмови низ светот останаа празни за Велигден

Најмногу болни и починати од корона вирусот во моментов бележат САД Регистрирани се  738 923 заболени, а 39 015 ја загубиле борбата со корона вирусот.

Во Европа најголем број заболениима  во Шпанија , 195,000, но најгиолем број на жртви  има Италија,  20 639 . Германија се уште го има позитивниот тренд на европска  земјаскоја успешно се справува со болеста, со процентуално најмал број смртни случаи,  4, 500 вкупно, за разлика од Белгија  каде има најголема стапка на смртност , 14 насто.  

Рестриктивините мерки остануваат во сила во евроските држави ,  но во дел од нив ублажени .  Во Италија е дозволна работа на продавниците за книги и детска облека, исто и во Австрија ,, Германија најави постепено отварање на училиштата од 4 мај, во Чешка животот полека се врака во нормала.  Но, во  Шпанија третпат  по ред , се продолжени ограничувањата , овојпат до 9 ти мај,.

И во Србија, каде се потврдени  вкупно 6 000 позитивни случаи,  по Велигден  ке има   олеснување на рестрикциите. Претседателот Вучик  најави дека од вторник ке  се отворат  дел од занаетчиските работилници , со работа ке продолжат градежниците, а на постарите лица ке им се дозволи прошетка три пати неделно за време на полицискиот час.

Сепак , епидемијата го ограничи славењето на исусовото воскресение за православните верници.  Храмовите останаа празни , а литургиите се пренесува на телевизија. Стариот град во Ерусалим кој инаку за празникот е полн со верници, остана празен поради рестриктивните мерки.

Од дома  беше  организиран онлајн концертот на кој синока учествува а 70 светски  звезди , во чест на здравствените работници кои се во првите борбени редови против корона вирусот.