Свет
14. April 2020 - 8:34

Во САД повеќе од 23.000 жртви на Ковид-19

Бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД надмина 23.000, а официјални лица соопштија дека епидемијата оваа недела може да го достигне врвот.

Во САД се регистрирани повеќе смртни случаи од Ковид-19 од која било друга земја, вкупно 23.644.

Регистрирани се 587.155 заразени со вирусот, а најмногу смртни случаи, повеќе од 10.000, се пријавени во сојузната држава Њујорк и самиот град Њујорк.