-->
-->
Во САД и Франција втор ден по ред висок број инфекции со Ковид-19
-->
САД регистрираа синоќа рекорден број новозаразени со Ковид-19 втор ден по ред, според податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс. Бројот на новозаразени е 88.973. Во претходниот ден имаше 79.963 со симптоми на Ковид-19. Нешто над 900 се починатите за изминатите 24 часа. Најтешка е ситуацијата на Средниот запад, а 35 од 50 држави регистрираа зголемен број на новоинфицирани.
Во Франција, во последните 24 часа се потврдени 45.422 случаи на новозаразени со Ковид-19, што е најголем број за 24 часа. Во тој период починаа 138 лица. Тоа е за околу 3.000 новоинфицирани повеќе отколку во петокот, кога беше регистриран и рекорден дневен биланс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та