Свет
2. October 2015 - 9:15

Во САД егзекутиран сериски убиец

Серискиот убиец Алфредо Прието синоќа е погубен во американската сојузна држава Вирџинија.

Прието (49) по потекло од Салавдор, во 2010 година беше осуден на смрт за силување и убиство на 22-годишна девојка и за убиство на негов пријател пред повече од две децении. Прието на смрт беше осуден и во Калифорнија за силување и убиство на 15-годишно девојче.

Апелацискиот суд на Вирџинија ја потврди пресудата за Прието во јуни, а вчера Врховниот суд на САД одби да ја стопира егзекуцијата.