-->
-->
Во сабота национална акција за чистење од отпад
-->
Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, и годинава ќе го реализираат проектот „Македонија без отпад 2015“.
За таа цел во сабота на целата територија на државата ќе се одржи национална акција за чистење на околината од отпадот. Целта е граѓаните и сите засегнати страни организирано да се вклучат во чистењето на околината.
Централниот настан во Скопје ќе се одржи кај Европската очна болница во општина Ѓорче Петров, а ќе се чисти и трим патеката во должина од 2 километри.
Проектот се спроведува со поддршка од државните институции, локалната самоуправа, јавните и комуналните претпријатија, невладините организации, здруженија на граѓани и месното население.
Повеќе информации за акцијата може да се најдат на веб-страницата www. ajdemacedonia.mk или на општинската веб-страница, а граѓаните доколку забележат неовластено складирање на отпад може да се јават на бесплатниот телефонски број на Центарот за управување со кризи – 195.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница
-
Во Велес исчезна 56-годишен маж