Македонија
4. јуни 2019 - 12:14

Во сабота на работа: 7 мај кој беше неработен поради посетата на Папата, ќе се одработува на 8 јуни

На вчерашната седница Владата донесе одлука 7 мај, кој беше прогласен за неработен ден заради посетата на папата Франциск, да биде одработен на 8 јуни, оваа сабота.

- Оваа одлука се однесува на основните и средните училишта на територијата на Град Скопје кои го немаат одработено овој ден во претходниот период, како и за детските градинки и здравствените установи на територијата на Град Скопје, кои од Министерството за труд и социјална политика и Министерството за здравство ќе добијат планови за работењето во овие дејности, соопштија од Владата.

Со оваа одлука, Владата му препорачува и на приватниот сектор на територијата на Град Скопје, да ја спроведе оваа одлука овој ден да биде работен и за вработените во овој сектор доколку 7 мај бил неработен.