Во сабота акција за расчистување на отпадот околу Марков манастир
Марков манастир заедно со група верници во сабота организира акција за собирање на отпадот од површините околу манастирот. Акцијата ќе почне во 17 часот, а збирно место е дворот на манастирот.
- Ги повикуваме сите пријатели на манастирот, кои се во можност, да се приклучат кон акцијата. Збирно место е дворот на манастирот, 17:00 часот. Ќе биде обезбедена потребната опрема за собирање: кеси, ракавици и слично. Секој кој може да помогне е добредојден, се вели во повикот од сестринството на Марков манастир.
Велат дека поразителен е фактот што еколошката свест е на исклучително ниско ниво и оти постојаното загадување на природата и оставањето на личниот отпад на несоодветни места е честа слика.
- Со таков сериозен предизвик се соочува и Марковиот манастир, предизвикот на постојано загадување на животната средина околу манастирот, на нејзината бујна и раскошна природа и чистата и живописна Маркова Река. Просторот околу манастирот, особено по течението на Маркова Река, е привлечна викенд дестинација за бројни излетници кои одлучуваат слободните викенди и празници да ги поминат во опкружувањето надвор од манастирот. За жал, огромната фреквенција на несовесни луѓе, зад себе остава огромни количини на отпад, кој не се одлага во соодветно поставените контејнери, туку останува расфрлан насекаде да лежи по зелените површини и водата. Сликата која останува после тоа е страшна, посочува сестринството на манастирот.
Прекрасната природа е Божји благослов, велат од сестринството и потсетуваат дека човекот треба да живее во ненарушен склад со природата и да не ја нарушува таа хармонија.
Посочуваат дека монахињите од манастирот се единствените кои се грижат за чистотата на опкружувањето надвор од манастирот и апелираат да почне да работи индивидуалната и колективната свест кај луѓето.
Ново на Сител
-
Кривични пријави против три лица од Тетово за вршење јавен превоз без лиценца
-
Доживотен затвор за Усеин Р. кој со 42 убоди од нож ја уби Танкица Младеновска од Кочани
-
Училиштата каде што ќе се гласа на изборите, на 23 април и 7 мај ќе работат до 11 часот
-
„Сакаме да јадеме нешто“: Илјадници патници заробени на аеродромот во Дубаи
-
Во поплавите во Пакистан и во Авганистан загинаа приближно 140 луѓе
-
Одреден притвор за заменик директорот на косовската полиција, останатите полицајци ослободени
-
Битолчанец со воздушна пушка од својот балкон пукал кон куче скитник
-
Петмесечно бебе со пертусис хоспитализирано во прилепската болница