Македонија
29. March 2018 - 9:59

Во руската амбасада книга на жалост за жртвите од трагедијата во Кемерово

Руската амбасада во Скопје во своите простории денеска ќе отвори книга на жалост поради трагедијата во Кемерово во која загинаа 64 лица. 

Граѓаните кои сакаат да се потпишат во Книгата на жалост тоа ќе можат да го сторат од 10:00 до 13:00 часот и од 15:00 до 17:00 часот во Амбасадата на Руската федерација.