Свет
27. March 2020 - 15:32

Во Русија се тестираат три потенцијални лекови против коронавирусот

Три лекови – умифеновир, ремдесивир и фавипиравир поминуваат низ клиничко тестирање на пациенти со коронавирус, според привремените препораки за превенција, дијагностицирање и лекување на пациенти, соопшти руското Министерство за здравство.

Според објавените податоци, овие лекови би можеле да се користат за лекување на пациенти со Ковид-19, објавија туските медиуми.

Сепак, се наведува дека податоците што се достапни денеска не се доволни за да се добие конечен заклучок за ефекасноста на лекувањето.