Свет
26. March 2017 - 14:24

Во Русија се одржуваат протести против корупција

Во повеќе градови во Русија денеска се одржаа протести против корупција  на владините претставници, а десетина демонстранти се уапсени, јавија американските медиуми, повикувајќи се на руски сајтови и социјални мрежи. 

Протестот го организираше опозицискиот лидер Алексеј Наваљни. Тој неодамна тврдеше дека рускиот премиер Дмитриј Медведев поседува неколку куќи, јахти и лозја.

Руските државни медиуми не известија за протестите, додека руските сајтови и социјални мрежи пренесоа дека протестите се одржуваат во градовите од Владивосток до Екатеринбург, наведувајќи дека во Владивосток се уапсени десетина лица. 

Руските демонстранти планираат во текот на денот да одржат собири, за кои не добиле дозвола, во Москва и во Санкт Петербург.