Свет
15. December 2020 - 14:02

Во Русија почна вакцинацијата против Ковид-19

– Во сите региони на Русија почна вакцинацијата против новиот коронавирус. Рускиот министер за здравство Михаил Мурашко истакна дека сите региони се подготвени да ја прифатат вакцината и оти се разработени параметри за квалитетот на транспортот и складирањето.

Премиерот на Русија, Михаил Мишустин истакна дека Министерството за здравство има подготвено план за дистрибуција на вакцината по  региони за следните три месеци.

– Важно е целата оваа работа да тече непречено, посочи Мишустин.