Во Русија одобрен нов антивирусен лек за третман на заболени од Ковид-19
Русија одобри нов антивирусен лек „Коронавир“ за третман на пациенти со Ковид-19, објави руската фармацевтска компанија Р-Фарм, додека бројот на заразени лица во таа земја надмина 700.000.
Во соопштението на Р-Фарм, која го разви Коронавир, се вели дека станува збор за клиничко испитување, кое вклучувало благи до средно тешки случаи.
„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот САРС-КоВ-2, туку против самиот вирус“, наведува Р-Фарм.
Клиничката студија покажала подобрување кај 55 проценти од пациентите, кои не биле хоспитализирани, на седмиот ден од третманот со Коронавир, во споредба со 20 проценти од оние кои примале стандардна терапија.
До петиот ден од третманот, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77,5 проценти од пациентите кои земале Коронавир, тврди Р-Фарм.
Ова е трет лек регистриран во Русија за третман на новиот коронавирус. Првиот, Авифавир, се дава на пациенти од 11 јуни.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи
-
Гласаат затворениците во Штип
-
Управен ја запре постапката за вработување на 130 кандидати за идни судии и јавни обвинители