Во Русија одобрен нов антивирусен лек за третман на заболени од Ковид-19
Русија одобри нов антивирусен лек „Коронавир“ за третман на пациенти со Ковид-19, објави руската фармацевтска компанија Р-Фарм, додека бројот на заразени лица во таа земја надмина 700.000.
Во соопштението на Р-Фарм, која го разви Коронавир, се вели дека станува збор за клиничко испитување, кое вклучувало благи до средно тешки случаи.
„Коронавир е еден од првите лекови во Русија и во светот кој не се бори против компликациите предизвикани од вирусот САРС-КоВ-2, туку против самиот вирус“, наведува Р-Фарм.
Клиничката студија покажала подобрување кај 55 проценти од пациентите, кои не биле хоспитализирани, на седмиот ден од третманот со Коронавир, во споредба со 20 проценти од оние кои примале стандардна терапија.
До петиот ден од третманот, новиот коронавирус бил елиминиран кај 77,5 проценти од пациентите кои земале Коронавир, тврди Р-Фарм.
Ова е трет лек регистриран во Русија за третман на новиот коронавирус. Првиот, Авифавир, се дава на пациенти од 11 јуни.
Ново на Сител
-
Обвинителен акт и притвор за 11 лица за организирање и поттикнување на трговија со луѓе
-
На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 322 пациенти, слободни кревети има
-
Холштајн: Да се спроведе Договорот за добрососедство, а реформите во Македонија да продолжат
-
Патронажно санитетско возило и амбулатно возило од Општината Чаир доби ИМП при Здравствен дом Скопје
-
Филипче: Измената во Законот за лекови доаѓа по барањето на „Фајзер“ кое е на глобално ниво
-
Приведен крадец од штипско, расчистени 22 тешки кражби
-
Тешко повреден велосипедист во Скопје
-
Приведен 18 годишник откако бил затекнат како употребува марихуана