Loading Video...
Свет
6. October 2018 - 18:58

Во Романија референдум за промена на уставната дефиниција на семејството

Референдум за уставни промени се одржува  во Романија, според кои семејството би било дефинирано како заедница меѓу маж и жена.Ова директно би го забранило хомосексуалниот брак.Околу 19 милиони гласачи се изјаснуваат на референдумското прашање денеска и утре. За референдумот да биде валиден, потребно е да излезат 30 отсто од регистрираните гласачи.Уставот на Романија сега вели дека бракот е заедница на сопружници, а иницијаторите на референдумот бараат бракот отсега да се дефинира како заедница меѓу маж и жена. Резултатите од гласањето се очекуваат в понеделник.