Балкан
19. јуни 2020 - 13:52

Во Романија расте бројот на жаришта на африканска свинска треска

 Во Романија оваа недела се регистрирани вкупно 272 жаришта на африканска свинска треска, а во периодот меѓу 11 и 17 јуни бројот на жариштата  се зголемил за десет, соопштија властите во земјата.

Според податоците објавени денеска од Националната управа за ветеринарство и безбедност на храна, африканската свинска треска се шири на 150 места во 24 реони во Романија.

Пет жаришта се наоѓаат на комерцијални фарми, додека во 16 области болеста е регистрирана само кај диви свињи, јавува новинската агенција Агерпрес.

Исто така, во набљудуваниот период, уништени се седум жаришта – шест во округот Телеорман и еден во Брашов.