Во Рим уапсена Американка осомничена дека го запалила сопругот
Во Рим е уапсена Американка, за која се трагаше од 2002 година поради смртта на нејзиниот сопруг, чие тело толку беше изгорено, што беше идентификувано 13 години подоцна, соопшти денеска италијанската полиција.
Беверли Мекалум е уапсена откако пристигнала во мал хотел во Рим.
Италијанските хотели мораат да ги регистрираат гостите преку онлајн системот, кој е поврзан со полициската база на податоци. Така е откриено дека по Мекалум е распишана меѓународна потерница.
Претходно, американските власти бараа од Пакистан да ја екстрадира Мекалум поради убиство на нејзиниот сопруг Роберт Карабаља.
Тој во 2002 година беше претепан и задушен, а неговото тело било спалено и фрлено во поле во западен Мичиген. Неговите посмртни останки се идентификувани дури во 2015 година, по анонимна дојава.
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228