-->
-->
Во режија на Пјонтек
-->
Во последниот натпревар од саботната програма во Ла Лига, Барселона на „Ноу Камп“ минимално славеше над Валљадолид 1:0. Барса ја запиша 16 победа во првенството.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Лео Меси од пенал во финишот на првото полувреме. Во вториот дел Луис Суарез промаши две добри шанси, можност да погоди од игра имаше и Меси, но голот на Ваљадолид извонредно го бранеше Масип.
Во 85 минута Барселона доби уште еден пенал, меѓутоа Масип успеа да го одбрани ударот на Меси. За Масип, кој дел од кариерата мина во Барселона, оа е третиот одбранет пенал сезонава.
Аргентинецот против Ваљадолид го постигна 30 гол оваа сезона во сите натпреварувања. Ова е 11 сезона во која Меси постигнува 30 или повеќе голови во сите натпреварувања.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите