Спорт плус
26. јуни 2017 - 19:33

Во Ресен се одржа Националното првенство “Триатлон – Преспа 2017”

Викендов,  во Отешево се одржа Националното првенство во “Тријатлон – Преспа 2017”.  

На настанот, преку шеесет учесници од повеќе спортски клубови во државава  се натпреваруваа во пливање, велосипедизам и трчање во мастер, сениорска и  кадетска категорија. 

Најдобар во Мастерс - категоријата беше Стојан Поповски од Скопје. 

Инаку, оваа трка се бодува за Шампионатот на Македонија во Тријатлон. Организатор на настанот  е Тријатлон федерацијата на Македонија, а истиот е поддржан  од Општина Ресен,  Агенцијата за Млади и спорт и Македонскиот олимписки комитет. 

Според најавите, во текот на летото, во Преспа ќе се одржат и Државниот натпревар во далечинско пливање, како и трката “Прв до врв”, со што интенцијата е  Преспа да се дефинира како спортско - авантуристички “Мека” во нашта земја.