Во ребалансот на Буџетот обезбедени средства за укинување на радиодифузната такса
Во ребалансот на Буџетот обезбедени се средства за укинување на радиодифузната такса и за нормално функционирање на јавниот радиодифузен сервис со финансирање од страна на државата, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.
Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Сојузот на стопански комори, министерот Манчевски рече дека со ребалансот на Буџетот скратени се голем број непродуктивни трошоци, а најголеми кратења има кај Кабинетот на премиерот каде целосно се откажани сите пропаганди и кампањи.
- Ова беа ставките од кои најмногу се кратеше за да се обезбедат средства за сите главни мерки и ветувања што ги дадовме пред граѓаните. Обезбедени се пари за укинување на радиодифузната такса и финансиски средства за воведување голем број други мерки од нашата Програма, нагласи министерот Манчески.
Според него, обезбедено е финансирањето за сите главни ветувања што ги дале пред граѓаните до крајот на годината.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор