Македонија
12. September 2018 - 13:57

Во распаднато училиште 500 деца од прилепско Лажани следат Кембриџ настава

Се распаѓа деветтолетката „Мирче Ацев“ во прилепското село Лажани, Општина Долнени, реагираат жителите кои очекуваат и од локалната власт, но и од Владата и ресорното министерство да се ангжарираат за решавање на овој проблем кој 15 години ги мачи.

Имено, во училиштето учат 500 ученици кои и оваа учебна година престојуваат во објект кој се распаѓа, без санитарни јазли, без паркет во спортската сала и со раскопан под во училниците и ходниците.

Училишната зграда освен од внатре, се распаѓа и од надвор за што сведочат и купиштата камења во училишниот двор.

Жителите на ова село, преку страницата на Сител доставија фотографии и видео снимки и апелираат што поскоро да се започне со изградба на нова училишна зграда како што доликува на населено место во 21 век.

.be