Македонија
18. November 2018 - 17:39

Во Пробиштип следната година ќе почне со работа леарница за леење на делови за автомобилската индустрија

Леарницата на компанијата „Крaнфилд Фаундри“ во новата индустриска Неокази во Пробиштип се очекува да почне со работа од наредната годинa. Во леарницата по европски еколошки стандарди и со високо-автоматизирана технологија ќе се леат  делови за автомобилската индустрија.

- Последните информации коишто ги имаме, бидејќи тоа е под ингеренција на Владата, се дека е потпишан договор за зголемување на капацитетот, односно дополнителни 20 милиони денари за наредните 5 години. Она што го имам како информација од кабинетот на министерката Апостолска е дека планот на „Кранфилд фаундри“ е во март 2019-та година веќе да почне со производство.

Леарницата  ќе се простира на површина од околу 8 хектари, а се состои од производствен погон и административна зграда на вкупно 15 илјади метри квадратни. Инвестицијата на компанијата е околу 15 милиони евра, а се очекува етапно да се вработат околу 300 лица. Во првата фаза, предвидени се 150 вработувања, од кои 50 работни места се за лица со високо образование.