Македонија
10. March 2017 - 16:04

Во Пробиштип се реконструира најфреквентната улица

Во Пробиштип се реконструира улицата „11 Oктомври“, една од најфреквентните во градот. Средствата за зафатот, околу пет милиони денари, се донација од европски фондови.

- Со овој проект се комплетно опфатени поставување нов асфалтен слој, нови тротари од двете страни со ширина од еден и пол метар, како и поставување атмосферска канализација, рече градоначалникот Тони Тоневски.

Планирано е на „11 Октомври“ да се постави и ново улично осветлување со 14 канделабри на кои ќе се инсталираат енергетски штедливи светилки. Рокот за реализација на овој инфраструктурен проект е шест месеци.

Општина Пробиштип минатата година на оваа фреквентна улица инвестираше во реконструкцијата на фекалната канализација.