Балкан
23. February 2016 - 14:05

Во Приштина зголемен бројот на полицајците по улиците

На приштинските улици и околу зградите на Владата и Собранието е зголемен бројот на полицајците во пресрет на протестите најавени за 14 часот на косовската обединета опозиција, која се против на изборот на Хашим Тачи за претседател и која бара распишување на вонредни парламентарни избори.

Приврзаниците на опозицијата најавија дека околу зградата на Владата и Собранието ќе постават шатори, кои тука би останале до 7 март, кога е крајниот рок да се избере претседател на Косово.

Доколку не биде избран наследникот на Атифете Јахјага до споменатиот датум на Косово автоматски би биле распишани вонредни избори, што е и цел на опозицијата.