Македонија
23. April 2019 - 12:43

Во Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик се собира кабаст отпад

Активностите на Општина Кисела Вода и ЈП „Комунална хигиена“ за собирање на кабаст отпад и електрoнска опрема продолжуваат да се одвиваат на територијата на локалната самоуправа.

– Во моментов во месните заедници Припор, Усје, Пинтија и Стаклара-Каменик се собира кабаст отпад, се расчистуваат отпадоците од јавните површини, се средуваат омилените игралишта на најмладите, а се кастрат и гранките на дрвјата и грмушките. Акцијата во истите месни заедници ќе продолжи и утре, соопштија од Општина Кисела Вода.

Општина Кисела Вода информираше дека кабастиот отпад граѓаните треба да го приложат до 11:00 часот покрај своите домови, на тротоарите, но пред се потребно е да внимаваат истиот да не го попречува движењето на пешаците. Приложувањето на отпад после опредeленото време е забрането.