Македонија
2. December 2015 - 9:13

Во Прилепско ќе се засадуваат јасен и багрем на 32 хектари

Во денешната акција „Ден на дрвото“ под мотото „Засади успех“,  во Прилепско ќе се сади во атарот на селото Оревоец.
 
За 32 хектари обезбедени се над 20 илјади садници јасен и багрем, обезбедени преку ЈП „Македонски шуми“.
 
Според Борче Јованоски од јавното претпријатие „Црн бор“ од Прилеп, во досегашните 15 акции на пошумување на голините во околината на Прилеп успешноста е многу добра.
 
-  Секоја година со акцијата се опфатени 30 до 40 хектари и успешноста е 50 отсто што се смета за многу добра. Особено се најуспешни есенските акции, вели Јованоски.