Македонија
31. December 2015 - 13:09

Во Прилепско изгореа 3.000 килограми тутун и 15.000 килограми жито

Околу 3.000 килограми тутун и 15.000 килограми жито изгореа синоќа откако пожар избувна во куќа и помошен објект, сопственост на А.Ш. од прилепското село Црнилиште.

Како што соопшти полицијата, пожарот е изгаснат од дежурните противпожарни екипи, но се уште не се знае од кои причини настанал. Се преземаат мерки за нивно утврдување. 

Пожар синоќа избувнал и во село Тркање, Кочанско, во куќа сопственост на Б.К. и С.К., при што е опожарена покривната конструкција и покуќнината од катот. 

Пожарот е изгаснат, а се преземаат мерки за утврдување на причините за негово настанување.

Пожар е пријавен и во Берово, на улицата „Страшо Пинџур“, исто така синоќа, во помошна просторија која ја користел В.Ф. од каде пожарот се проширил и во куќа во која биле зафатени подрумските простории, катот и покривната конструкција. Пожарот е изгаснат. Се преземаат мерки за утврдување на причините.