Македонија
30. August 2015 - 16:58

Во Прилеп заврши Интернационалниот џез викенд

Како свовевидна кулминација на годинашното Прилепско културно лето, синоќа, со настапот на руската драмендбејз атракција “Салто” и на алтер-составот на Дарко Рундек – “Кул де сак”, заврши четвртиот по ред , Интернационален џез- викенд во Прилеп.
               
Годинашниот Интенационале џез- викенд во Прилеп, ги понуди настапите на: Емин Џијан со своето Трио, српскиот квартет на Милан Петровиќ, браќата Тавитјан, како и групата на Теодосиј Сапсов од Бугарија.
 
Оваа најслободна музичка форма на урбаното живеење го пресентира музичкото творештво во светот на џезот, со основна идеа за понаков урбан Прилеп при заложбите за следење на вистинските светски културни вредности.