Македонија
19. October 2020 - 14:59

Во Прилеп втор случај на наставничка позитивна на корона-вирусот

Уште една наставничка во прилепско е позитивна на коронавирусот.

Како што информира, советничката за образование во прилепската локална самоуправа Каролина Николоска, позитивна на корона-вирусот е наставничка од Основното училиште „Кирил и Методиј“ од прилепското село Канатларци и во самоизолација се осум ученици од петто и од шесто одделение. Во самоизолација се уште тројца наставници од подрачното училиште во село Подмол кои биле во контакт со неа.

Ова е втор случај во прилепското основно образование. Претходно поради наставничка позитивна на корона-вирусот во основното училиште „Климент Охридски“ во Прилеп, 20 ученици од второ одделение се во изолација.