Македонија
24. September 2020 - 15:39

Во Прилеп ситуацијата со КОВИД-19 сериозна, неопходна е монтажната болница

Во Прилеп ситуацијата со Ковид-19 е сериозна, но не е алармантна, констатираше кризниот штаб кој има нови одлуки за ригорозни мерки.

Според прилепскиот градоначалник Илија Јованоски, се воведуваат мерки во работните средини, контроли во институциите, засилени активности на полицијата за носење заштитни маски и ригорозно со мерки во Градскиот пазар.

-Заедно со полицијата, пазараната инспекција, мора да се засилат контролите. Никој нема право со својата неажурност, да ги изложува на ризик критичните групи граѓани. Што се однесува до стопанските субјекти,  денеска ќе ја посетам компанијата „Гентерм“. Ќе разговарам со менаџментот и ќе ги посетам нивните производствени капацитети. Истовремено, комисијата од локалната самоуправа ќе врши засилена контрола врз институциите за начинот на спроведување на мерките за заштита од Ковид-19, изјави Јованоски.

Инфективното одделение при градската болница „Борка Талески“ е на работ на капацитетот. Од можноста да прими 30, сега има 23 пациенти од кои 10 се на кислородна поддршка. Според Мирјана Крстеска, инфектолог и раководител на одделението неопходна е монтажната болница, зашто градот е меѓу првите во кои треба да профункционира.

-Од 23 хоспитализирани пациенти, од кои 10 на кислородна поддршка. Сите се повозрасни, над 50 или 60 годишна возраст. Денска примивме момче на 24 годсини во многу тешка состојба и го пративме на Инфективната клиника во Скопје. Старосната граница на заболените се повлекува, има помлади. Имаме терапија, но проблемот е со централниот довод на кислород. Доколку тоа се реши, би било големо олеснување. Но, тешките пациенти е проблем да ги примат на клиниките во Скопје, зашто и таму капацитетите се преполни и остануваат да бидат третирани на Инфективното одделение во Прилеп. Поради пребукираноста, реално, на клиниките се примаат помладите пациенти, вели таа.

Реално, може да примиме 30 пациенти, додава, а во моментов се 23.

-Доколку се исполни капацитетот, во другите одделенија се отворија оддели за изолација за таму да останат позитивните пациенти, а се лекуваат за друго. Кога ќе почне да се градат монтажните болници, Прилеп е еден од првите градови, зашто треба да се земат предвид и општините Македонски Брод и Крушево. А имаме многу пациенти од Македонски Брод. Инаку, во моментов е хоспитализиран еден здравствен работник, а еден е на домашно лекување од службата за Итна помош, вели Крстеска.

Драгица Николоска, директор на Центарот за јавно здравје нагласува дека има еден кластер во работните средини, но кјако резултат на семејни прослави.

-Денеска имаме четворица новозаболени и шест оздравени. Во моментов вкупната бројка на позитивни е 644. Активни се 125 случаи од кои 23-јца се на болничко а 102-јца на домашно лекување. Споредено од 1 август до денеска, вкупниот број позитивни случаи се 313. Во јули биле 70, а во јуни 51 заболен. Досега се 38 починати лица. Во Центарот секојдневно се тестираат од 15 до 20 пациенти. Во работните организации во моментов е еден активен кластер. Сите други, главно се семејни кластери. Ова значи дека џзаболените во раљботните организации институции немаат поврзаност, што значи дека вирусот ко донесле однадвор. Голем дел од нив во анкетата кажале дека присуствувале на семејни веселби, на слави, имендени, на групни собирања, вели Николоска.

Инаку, во Центарот за јавно здравје имало еден асимптоматски позитивен случај, а тројца ставени во изолација.

Во градинките сега ситуацијата е стабилна. Нема случај на заболено дете или вработен.