Македонија
17. July 2017 - 17:01

Во Прилеп синоќа заврши едно од најуспешните изданија на “Пивофест”

Без никакви инциденти, со обилен дожд и со несвојствено ниски температури од само 13 степени Целзиусови, синоќа, во најфестивалскиот град во земјава, заврши 15-тото издание на балканскиот Фестивал на пивото и скарата “Пивофест 2017”. Ѕвездата на вечерта, Северина, и покрај крајно лошото време, воопшто не ги разочара своите фанови кои се броеа во илјадници, пријатно изнендувајќи ги со својот врвен професионален настап.

Од годинашниот “Пивофест 2017”, задоволни се и организаторите, чија цел е овој Фестивал да ги надмине балканските рамки.

“Пивофест 2017”, традиционално заврши со огномет и со доделувањето на маскотата на Фестивалот – плишаниот мајмун, како награда за најкреативната селфи – фотографија која ја испратиле група млади крушевчани.