Македонија
13. July 2018 - 8:31

Во Прилeп синоќа отворен „Пивофест“

Со порака за добредојде на сите гости од земјава и странство и за добро расположение сите четири фестивалски вечери, синоќа во Прилеп е отворен 16 „Пивофест“.

Посакувајќи им добредојде на посетителите, од големата бина во центарот на градот, прилепскиот градоначалник Илија Јованоски посака сите гости да се чувствуваат убаво на годинашново фестивалско издание.

пивофест

- Ви посакувам добредојде на најголемата културно-забавна манифестација во земјава. Чувствувајте се весело, вкусете добра скара и испијте ладно пиво и уживајте во нашето гостопримство. Сите фестивалски денови до недела да има добро расположение, порача Јованоски.

Првата фестивалска вечер посетителите ги забавуваа Дани, Тони Зен, Бени и Нон стоп, Кирил Џајковски до раните утрински часови.

- Првпат сум на Фестивалот, а знам дека секогаш има добра организација и така очекувам да биде, рече музичарот Тони Зен.

-Најбитно е да се забавуваме сите, да уживаме оваа летна вечер зашто тоа сите го заслужуваме, вели Дани.

пивофест

Прилепчани како добри домаќини очекуваат многу гости од земјава и странство.

- Манифестацијата е одлична, очекувам најмногу посетители. Ми се најавија гости и ќе се забавуваме. Одлично е организирана, велат прилепчани.

Нашите иселеници веќе традиционално се враќаат во татковината за време на одржувањето на „Пивофест“. Веќе пристигнаа нашинците од Австралија, од Шведска.

-Живеам во Перт, во Австралија. Токму за „Пивофест“ доаѓам во татковината, зашто фестивалот е одличен, вели Гоце Стојаноски од Австралија.

За веселото расположение на втората фестивалска вечер ќе се погрижат „Црвена јабука“, Ван Гог, Дарио. Организаторите ветуваат многу изненадувања наредните три фестивалски дена.