Македонија
22. May 2021 - 16:38

Во Прилеп симулација за масовна имунизација

Масовната вакцинација во Прилеп ќе започне на 25 Мај во спортската сала на СОУ „Ѓорче Петров“. Вакцинацијата ќе се одвива секој ден освен недела, од 08.00 до 20.00 часот, а се планира на 15 пунктови во салата дневно да се вакцинираат по околу 1.000 лица. Во салата каде ќе се вакцинира се изведе и симулација на процесот, со цел финална подготовка на стручните медицински тимови и другите помошни служби. Вакциналниот пункт е опремен со помош на бизнис секторот во Прилеп.

„Вакцинирањето ќе се одвива според строго дефиниран протокол и редослед на движење, односно прием и евиденција на граѓаните, па потоа индивидуален преглед и вакцинација, па издавање на потврда со термин за ревакцинација. Упатувам уште еден апел до граѓаните на општина Прилеп, да се пријавуваат за вакцинија, особено се обраќам на оние граѓани кои спаѓааат во ризичните категории. Апелирам и до младите, да им помогнат на повозрасните во апликацијата за регистрација за масовната вакцинација“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.

Директорката на општата болница Борка Талески рече дека дополнително ќе се знае дали ќе се затвори пунктот во Здравствениот дом каде се вакцинираа постари граѓани и дали во новиот пункт ќе има само вакцинација или граѓаните ќе можат тука да примат и ревакцина.

„Кадарот кој ќе работио  на овој пункт е од лекарите, медицинските сетри и за среќа ги имаме студентите од медицинскиот факултет од Штип.  Функционираат 15 пунктови, се планира дневно да се имунизираат 1.000 граѓани и еве повторно апел секој граѓанин да се пријави на сајтот vakcinacija.mk. Пунктот е подготвен од секој аспект, очекувам дека ќе има зголемен интерес од страна на граѓаните, иако имаше имунизација и во соседните градови Битола и Кавадарци“, рече Кети Смилеска директорка на општа болница Прилеп.

Според протоколите вакцините требало да пристигнат во понеделник за од вторник утрината  од 8 часот да се започне со вакцинацијата.