-->
-->
Во Прилеп се одржуваат „Денови на Крали Марко“
-->
Со литературни и ликовни творби за Крали Марко, денеска во Прилеп, пред споменикот на овој легендарен јунак во центарот на градот, се одржува манифестацијата „Денови на Крали Марко“.
Ученици од основни прилепски училишта читаа литературни творби посветени на јунакот од народните преданија и легенди и за марковите Кули.
Снежана Ристеска, советник за култура во прилепската локална самоуправа информира дека оваа манифестација се одржува 10 пат,а инспирација на училиштата, е ликот на легендарниот Крал Марко.
- Дел од учесниците имаат свои литературни творби, а дел ќе го изработуваат Крал Марко од пластелин, глина. Историските секции од училиштата ќе одржат презентација на прилепското кралство, вели Ристеска.
Градоначалникот на прилеп Марјан Ристески потенцира дека последниот прилепски и македонски крал - Марко е дел од синонимите за Прилеп.
- Денеска се слават „Деновите на Крали Марко“, тука, во неговиот роден град, во Прилеп или наречен и како „Марков град“. Денеска пред неговиот споменик во центарот на градот е целодневната програма, а вечер, во чест на манифестацијата, во Центарот за култура „Марко Цепенков“ годишен концерт ќе има основното музичко училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“. Се е во спомен на легендарниот јунак по кој е познат и Прилеп, а кулите над градот го носат неговото име, вели Ристески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Коце Трајановски, Директор на ЈП државни патишта
-
Одземени спорните записници од Судски, Мицкоски најавува десетици други акции
-
Обвинителството собира докази за Груби и Беџети
-
Евроабасадорот Рокас ги поддржува активностите за расчистување со корупцијата
-
Ахмети пак се закани - Мицкоски не е загрижен
-
По јазикот проблем и химната
-
Светска Банка предлага зголемување на ДДВ од 18 на 19%, но и покасно одење во пензија
-
Премиерот фрли лопата - Нова инвестиција вредна 40 милиони евра и 600 нови вработувања