Македонија
17. January 2020 - 13:10

Во Прилеп привршуваат подготовките за Водици, се пријавиле 110 момчиња и девојки

Околу 110 момчиња и девојки од Прилеп се пријавиле и се надеваат да го фатат чесниот крст на Богојавление-Водици, в недела на 19 јануари. Тие ќе скокнат во базенот од аква-паркот кај хотелот „Салида“ со желба први да стигнат до крстот. Чинот на фрлањето на крстот ќе биде в недела од 11 часот, а организатор Прилепското архиерејско намесништво.

Чинот на фрлањето на крстот ќе биде извршен и во 11 прилепски населени места. Од 7 часот изутрината на 19 јануари во Селце и Витолиште, во 9,15 часот во Мало Коњари, во 10 часот во Кадино Село и Ново Лагово, во 10,45 часот во селото Чепигово, од 11 часот во Беровци и во Ерековци, а чинот на Богојавленскиот водосвет во приелпските села Подмол и Тополчани ќе биде во11,30 часот в недела на Водици.

Најсреќниот кој ќе го фати светиот крст пригодно ќе биде даруван.