Во Прилеп почна исплатата на субвенциите за тутунот, производителите со очекувања
Тутунарите денеска беа пред банките да ги подигнат парите за исплата на субвенциите од ланската реколта тутун. Исплатата на субвенциите почна и за околу 23 000 тутунари од платежната агенција се префрлени една милијарда и 700 милиони денари.
-Парите се добредојдени, мора да се подмират трошоците и да се испланира новата реколта која почна да се засадува. Малку се намалени количествата, но, големи се очекувањата за подобра цена. Производството мора да биде планско, зашто нема да се откупи вишокот, вели прилепскиот тутунар Ѓорѓија Ѓорески.
– Дојдов да ги подигнам парите од субвенциите. Колку се, тоа е. Нема да ја паметиме ланската година по добро, но, сега мора да се подмират трошоците за новата реколта. Се надеваме и очекуваме подобра цена. Не се исплаќа вишок производство, треба да биде договорен со откупувачите, ќе видиме, вели Ѓорески.
Според Зоран Пачешкоски, раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, очекувањата годинава се поголеми. Инаку, реколтата е планирана на нешто повеќе од 22000 тони, за 2 до 3 илјади тони помалку од лани, но, се очекува квалитет.
– Исплатата на субвенциите, мерките, временските услови кои укажуваат на квалитетна реколта очекуваме да влијаат на поголеми цени на тутунот. Иако за 2 до 3 илјади тони е намалена реколтата, очекуваме квалитет. Може само да им порачам на тутунарите да го сработат родот и да очекувата цена, вели Пачешкоски.
Од Сојзуот на земјоделските здурженија најавија средби наредниот месец за барањето за промена на Правилникот за тутун и повисоки цени за да нема манипулации во текот на откупот.
Ново на Сител
-
Распродадени сите билети за завршниот турнир во Евролигата
-
Краделе нафта од паркирано возило, уапсени крадци во Кавадарци
-
МНР: Девет амбасадори известени за завршување на мандатот
-
Приведен криминалец во тетовско за издржување тригодишна затворска казна
-
Бугарија неповратно загуби 653 милиони евра од ЕУ фондовите поради неспроведени реформи
-
Трансродовите американски војници ќе бидат одвоени од војската освен во исклучителни ситуации
-
Арачиновец со пиштол се заканувал на вработени од ЕВН
-
Норис доминираше на првиот ден од тестовите во Бахреин