Македонија
6. May 2017 - 17:12

Во Прилеп отворена уште една детска градинка во населено место

Со обезбедувањето на адекватен сместувачки простор за околу дваесетина деца од предшколска возраст во населеното место Мало Кољари, ЈОУДГ “Наша иднина”, етапно продолжува да го решава долгогодишниот сериозен проблем со дефицитетот на детски градинки во општина Прилеп. Ова е четврта градинка која се отвора во населено место во општината, после градинките во: Канатларци, Беровци и Тополчани. Сите градинки работат во склоп на основните училишта. 
 
Новата детската градинка во с. Мало Коњари е дел од Проектот на Владата за изградба на Детски градинки и во населените места во државава. За проширување на сместувачките капацитети за децата до 6 години, досега, во општина Прилеп, вложени се околу 20 милиони денари. Од ЛС информираат дека во скорошен план е отворањето  и на уште една поголема  градинка, во најурбанизираната и најбројна населба во Прилеп, населбата Точила.